Тимот на Ајакс вчера направи големо изненадување заминувајќи непоразен од „Алијанц Арената“ каде беше гостин на големиот Баерн Минхен.
„Баварците“ и на вчерашниот натпревар не личеа на себе, а гостите од Холандија имаа неколку прилики и за победа на средбата. Сепак, радост за Ајакс спречи Мануел Ноер кој полека се враќа во добра форма.
Срцата на навивачите на Баерн затреперија во 92. минута кога Шоне маестрално изведе еден слободен удар,но германскиот чувар на мрежата во свој стил со пантерски скок успеа да го сочува голот и да спречи уште поголем блам за екипата на Нико Ковач.