Медиумите на Апенините денеска пренесоа интересна вест дека Милан посакува во своите редови да го врати Златан Ибрахимовиќ кој во моментов е дел од МЛС составот Лос Анџелес Галакси.
Според информациите Милан сака да го ангажира ветеранот за да ја освежи и засили напаѓачката линија, но дали има вистина во сето ова допрва ќе видеме. Токму на оваа тема проговори тренерот Џенаро Гатузо кој му го честиташе роденденот на Ибра, но ги упати новинарите на друго место за да ја дознаат посакуната информација.
-Денеска му е роденден, па му посакувам многу среќни враќања. Ќе зборувам само за играчите што ги имам на располагање, за тоа прашајте ги Малдини, Леонардо и Паоло Скарони. Денес само сакам да му го честитат роденденот на Ибра и му посакувам се најдобро, -рече Рино.