Легендарниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Алан Ширер со големо внимание ја следи ситуацијата во Манчестер Јунајтед, но додека најголем дел од јавноста вината ја бара кај менаџерот Жозе Мурињо, најдобриот голгетер во историјата на Премиер лигата го подбра Пол Погба.
Незаборавниот напаѓач на Њукасл не може да верува како играчите на Јунајтед делуваат индолентно и едноставно не играат за својот менаџер, а Ширер посебно брутално пристапува кон играчот кој всушност е најскап во историјата на клубот.
– Јунајтед е вистински срам во овој момент, вистинска штета е што играчите не сакаат да играат за Мурињо. Не треба да заборавиме едно нешто. Пол Погба е најскапото засилување во историјата на клубот, но тој не вреди ниту за чистење на копачките на најголемите легенди и ѕвезди кои во неодамнешно минато играа за Јунајтед, – брутално порачува Ширер во интервјуто за „Сан“.