Македонскиот шампион Вардар изминатиот викенд во Унгарија му гостуваше на незгодниот Веспрем, кој во меч кој беше вистинска драма, избраниците на Роберто Парондо се снајдоа подобро и успеаа да стигнат вредна победа.
„Црвено-црните“ момци беа само за пофални зборови и немаше никаква можност за да им се најде замерка за играта против унгарскиот тим.
Но, пофални зборови за ,,вардарци” имаше и од коментаторот на ЕХФ ТВ, Том О’Бранаген кој на социјалните мрежи многу јасно ги предупреди противниците на ,,црвено-црните”.
– Овој Вардар нема шанса да се предаде! Сите што ги отпишаа после промените, мора сериозно да размислат уште еднаш. Голема победа кај Веспрем на гости, – напишал на социјалните мрежи Бранаген.