Вардар има добра серија во Лигата на шампиони, благодарение на одличните настапи на голманот Милосављев, Дибиров, Шишкарев и останатите кои не знаат да промашат.
,,Вардарци” во последното коло славеа против Веспрем со 27-25 и уште еднаш покажаа дека тимскиот дух и колективната игра е нивен најголем адут и заштитен знак.
Во текот на мечот, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, кој се рехабилитира од повреда на раката, во текот на мечот, испрати порака преку социјалните мрежи, кога резултатот беше 22:22. Порака која имаше тајно значење, но, никој не успеа да ја дешифрира.
Сепак на крајот победи тимот на Вардар, а јавноста се уште остана без одговор на ,,фото-загатката” на капитенот на РК Вардар.