Како оваа успешна бизнис-жена, стана уште поуспешна откако намали 18 килограми од својата тежина

Точка

29/09/2018

11:00

3.405

Големина на фонт

а а а

Уште една трансформација, уште едно патување и уште една нова, посреќна личност. Зори зборува за своето искусво и процесот на губење на вишокот килограми. Со кои придобивки се стекна таа и како сето тоа влијаело на нејзината физичка и психолошка состојба, прочитајте во следниот прилог:

„Јас сум Зори Јаколин - претприемач кој создава нови можности и гради мостови помеѓу неповрзани патишта. Каде што другите застануваат, јас започнувам. Исклучително неконвенционална, но истовремено иновативна и успешна во тоа што го работам. Тука пишувам за својата трансформација и за патот на кој таа ме одведе, со помош на концептот NuMe.

„Денес сакам да споделам со вас една тема на која ние жените и посветуваме многу внимание, а тоа е чувството на самоувереност. Како личност која со години си ги „носи“ своите килограми, јас се сретнав со повеќе проблеми како: Што да облечам? Како да ги сокријам своите недостатоци? Дали клиентите ќе имаат друга перцепција за мене?

Без разлика дали сакаме или не, незадоволството од себе и тоа како се забележува и се чувствува. Колку пати сум се нашла во ситуација каде несвесно ги сокривам своите недостатоци - облекувајќи се во темни бои, честопати и чантата ја носев пред себе за да ми го покрие вишокот околу струкот.

Сега ја преземав контролата над својот живот и не дозволувам килограмите да ме спречуваат. Кажав цврсто и категорично НЕ, на сѐ и секој кој се обидува да ме спречи. Нутриционистичкиот план NuMe стана дел од мојот животен стил и е главниот виновник за градењето на новата ЈАС.

Чувството на инфериорност исчезна, бидејќи низ разговори со Тамара јас оформив целосно нов поглед кон својата вредност. Во првите месец дена, со новата фигура, добив и еден прекрасен бонус - самодоверба. Открив дека треба да се гордеам со сѐ што постигнав со своите две раце и сега знам да примам и комплимент.

Научив да бидам горда на себе и на своите достигнувања. Научив да бидам благодарна на секое убаво или пак помалку убаво случување. Го пројдов првиот тест, од кој се плашев најмногу. Бев учесник на едно бизнис-кафе во Загреб. Навистина ми беше личен предизвик бидејќи таму морав да одржам говор. Облеков високи потпетици и прекрасен црн фустан со цветен дезен, во кој не можев да влезам претходно. Се чувствував како милион долари!

Мојата презентација помина одлично. На крајот, позитивните коментари и пофалбите доаѓаа од сите страни. Бев многу горда и исполнета. Со губењето на 18 килограми и 60 цм. во обем, телото ми доби сосем поинаков облик. Со NuMe ги намалив вишокот килограми, добив на мускулна маса, ги променив своите прехрамбени навики, па дури и го подобрив своето држење и почнав поубаво да се движам. Порано се фокусирав да се движам на поубав начин, а сега тоа ми доаѓа природно. Сфатив колку време и енергија трошам обидувајќи се да ги сокријам своите маани, а заборавав да се фокусирам на некои други важни нешта, како на она што би можела да им дадам јас на другите. Сега сѐ е полесно, со NuMe и новата ЈАС.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг