Искусниот италијански стручњак, Марчело Липи кој своевремено го водеше и Јувентус ја искоментира ситуацијата која ја имаше фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој потоа доби црвен картон.
Липи се осврна на тоа што и преку повторените снимки целиот свет се уверил дека Роналдо не го допрел противничкиот играч, а добил црвен картон, што значи дека сигурно ќе го пропушти мечот против тимот на Јанг Бојс.
– Не ми е јасно, како може за мало допирање на противнички играч да исклучите фудбалер. Навистина толку време сум во фудбалот, ова првпат го гледам. Видеата покажаа дека нема ништо, меѓутоа помошниот судија Фриц сигурно имал халуцинации. Веќе сите знаеме дека не може ништо да се промени, но мора во иднина да се внимава на вакви ситуации, – изјави Липи.