"Секој ден со сопругот имав секс 10 пати на ден, еден ден го одбив, а потоа..."

Точка

20/09/2018

20:44

17.144

Големина на фонт

а а а

После еден инцидент, жената почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг е зависен од секс и дека има проблем.

Имено, таа и сопругот имале секс 10 пати на ден, а после одредено време таа не можела повеќе да издржи. После два дена откако му кажала дека не може повеќе, тврди дека тој го покажал вистинското лице, кое дотогаш не го видела, па побарала совет од колумнистка.


"Мојот сопруг сака да имаме секс ама буквално секој ден. Почнувам да се загрижувам дека е зависен. Јас имам 36, а тој 38 години. Се запознавме на роденден кај наш 40-годишен заеднички пријател, додека двајцата имавме врски. Тој флертуваше со мене, а и јас со него и сето тоа беше многу забавно. Таа вечер се бакнавме и одлучивме да прекинеме со тогашните партнери. Беше совршено", почнала сопругата сопругата, а потоа следувало:

"Сега имаме секс најмалку 5 пати на ден (рекордот ни е 10 пати). Знам дека тоа е многу. Мојот сопруг е внимателен и во целост ми е посветен. Одбива да гледа порно филмови и да се самозадоволува. Дури не гледа во други жени и не покажува никаков интерес за било кого. Ми вели дека сум најубавата жена која ја видел во животот и тоа на сите им го повторува постојано. Тоа е одлично, но ме загрижува што веднаш почнува да се нервира ако не ми е до секс. Тогаш целосно полудува, но досега не ме удрил. Само почнува да ги расфрла работите и има изливи на бес, како дете. Еднаш не ми беше до секс и наредните два дена тој буквално се тресеше. Многу читав за тоа дека луѓето се навлекуваат на порнографија, но сега потајно си го поставувам прашањето дали мојот допруг стана зависен од мене? Се прашувам дали сексот со мене лошо влијае на него. Треба ли да бидам интимна со него или само додавам масло во оганот?


Исто така се грижам дали сум можеби неблагодарна со оглед на тоа дека тој сѐ прави за мене? Како да знам дали е во прашање љубов, зависност или опсесија? Ако е зависност, како да му кажам да побара помош, а притоа да не биде загрозен нашиот брак и да не ја загубиме интимноста?", прашала загрижената сопруга, која сакала да остане анонимна.


Колумнистката одговорила:

"Нема ништо лошо во тоа партнерот секојдневно да сака секс, ако и тебе тоа ти одговара и исто така го сакаш. Ако не прифаќа одбивање - има проблем! Голема е разликата помеѓу високо либидо (уживање во многу секс, такашто тоа не би влијаело на другите задоволства и одговорности во животот) и зависност, која го спречува да функционира нормално. Потребата на твојот сопруг не е само сексуално празнење, туку и емоционална компензација кога се чувствува загрозено. Кажи му на сопругот дека го сакаш и дека не сакаш да го гледаш нерасположен. Наместо секојпат емоционалната празнина да ја надополнува со немилосрден секс, треба да пронајде друг начин на кој ќе се справи со своите чувства."




Спонзорирани линкови

Маркетинг