Клатенбург направи детална анализа за црвениот картон на Кристијано и го пронајде идеалното решение

Дерби

20/09/2018

18:56

4.355

Големина на фонт

а а а

Јувентус покажа голема цврстина во играта и сосема заслужено освои три бода на незгодното гостување на „Месталја“, победа која дефинитивно остана во втор план поради црвениот картон кој го заработи Кристијано Роналдо.

Големата португалска ѕвезда доби директен црвен картон од судијата Брих по еден дуел кој го имаше со противничкиот стопер Мурилјо, а емоциите кои ги покажа Роналдо при дадената ситуација алудираа на тоа дека беше неправедно и престрого исклучен од страна на германскиот арбитар.

Во големата дебата која се отвори околу тоа дали голгетерот беше праведно или неправедно ислучен, се надоврза и поранешниот најдобар англиски судија, Марк Клатенбург кој порача дека оваа ситуација би ја решил на поинаков начин.

– Имаше мало оттурнување од страна на Роналдо кое резултираше со пад на дефанзивецот на Валенсија. Тоа не беше агресивен потег, а судијата беше свртен со грб за време на инцидентот. Ситуацијата ја забележа неговиот помошник, тој најверојатно помисли дека Роналдо го удри Мурилјо со лакт. Роналдо потоа беше вознемирен од глумата на Мурилјо и го фати за главата. Контактот беше многу ситен, не сум убеден дека помошникот го окарактеризира тоа како агресивен потег. Ако јас бев судија на овој меч, ќе досудев прекршок за Валенсија и ќе им покажев жолт картон на двајцата играчи. Роналдо треба да добие само еден меч суспензија, се што ќе биде повеќе од тоа ќе биде престрого, – потенцира Клатенбург во својата анализа за „Дејли меил“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг