ФИФА листа: Македонија е на 68-то место

Макфакс

20/09/2018

13:15

1.470

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација се искачи за две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА. Победите во Лигата на Нации, но и резултатите на конкурентите и го донесоа на Македонија 68.место на ФИФА листата.

Македонија на отворањето на Лигата на Нации забележа две идентични победи 2:0 во Андора и над Ерменија во Скопје.

На новата листа на ФИФА Белгија се искачи на првата позиција. Белгијците имаат ист број на бодови, 1729, како и Франција и со светскиот шампион го делат првото место.

Покрај Белгија и Франција во Топ 10 на листата се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска.

Од репрезентациите од поранешна Југославија, најдобро котира Хрватска на четвртото место, па следуваат Босна и Херцеговина (34), Србија (35), Цра Гора (41), Словенија (61), Косово (138).



Спонзорирани линкови

Маркетинг