Кристијано Роналдо синоќа на дуелот против Валенсија го заработи својот прв црвен картон во Лигата на шампионите.
Судијата Феликс Брих му додели директен црвен картон на Португалецот во 29-та минута од натпреварот на „Местаља“ после дуелот на Роналдо со Муриљо.
Муриљо падна после еден дуел со Роналдо, а на фудбалерот на Јувентус тоа не му се допадна, па го фати противничкиот стопер за главата и во еден момент се чинеше дека ќе го удри. Иако Роналдо не го удри Муриљо, сепак неговиот потег беше доволен за судијата Брих да му покаже директен црвен картон.
This is the clearest angle so far on Ronaldo's red card "offence"
— Jonathan Soveta (@eighteenyards) September 19, 2018
So he does touch Murillo's head after all, don't think he actually does any hair pulling though. Still no way a red for me. pic.twitter.com/0GSvmKgsMn