Ѝ ја разнел главата и мислел дека тоа е крајот: Едно време воопшто не се помрднувала, а потоа обезглавена тргнала во напад!

Точка

18/09/2018

19:54

7.384

Големина на фонт

а а а

Били Форбс од Алабама, во својот двор пронашол змија, па одлучил да ја застерла со сачмарка.

Во таа прилика ѝ ја разнел главата, па ја ставил во задниот дел на камионот, за да му ја покаже на татка си.

Меѓутоа, нешто подоцна, обезглавеното тело на змијата, се обидело да го нападне. "Со гребло ја фрли во камионот и тргна да ја носи кај брат му. Змијата за тоа време не се помрднуваше. Кога стигнавме до куќата на брат му, почна повторно да напаѓа", рекла сопругата на Били, Кери.

Експертот за змии, Тајлер Харис, објаснил дека змијата се однесува одбрамбено и посоветувал дека во такви ситуации најдобро е да не се вознемирува.

"Рептилите повеќе реагираат на спинални рефлекси, отколку на оние од мозокот. Во 'рбетниот мозок постојат нерви кои ги контролираат движењата и во некоја мера можат да функционираат одвоено од мозокот. Нападот веројатно се случил како рефлекс кога почувствувала дека некој ѝ се доближува", објаснил експертот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг