Нов референдум за Брегзит? Градоначалникот на Лондон ја поддржа идејата која може да ја потресе Велика Британија

Точка

17/09/2018

13:22

2.050

Големина на фонт

а а а

Влијателниот лондонски градоначалник Садик Кан ја поддржа идејата за организирање на нов Брегзит референдум во Велика Британија.

Како што пренесуваат британските медиуми, лондонскиот градоначалник Садик Кан, повикал на одржување на нов референдум во врска со прашањето за британското членство во Европската Унија и со тоа му даде сериозна поддршка на движењето наречено „Глас на народот“.

Да потсетиме, во Велика Британија беше одржан референдум околу членството на земјата во Европската унија, на кое што британските граѓани во исклучително тесни резултати изгласаа излегување од „европското семејство“.


Сепак, одредени политички струи во Велика Британија сега работат на идејата за организирање на нов референдум со кој што ќе се обидат или да го спречат излегувањето на државата од Европската унија, или пак во најмала рака да ги ублажат работите, па Велика Британија и натаму да остане силно поврзана со Европската унија.

Согласно со резултатите на одржаниот референдум, Велика Британија би требало да ја напушти Европската унија на 29-ти март идната година.


Но, со оглед на тоа што британската премиерка Тереза Меј не може да состави адекватно решение за „развод“, во Велика Британија сега се појави нова идеја за организирање на референдум на кој што британските државјани уште еднаш ќе кажат, што всушност сакаат, да остане државата во Европската Унија, или не.

Според аналитичарите, градоначалникот на Лондон, Садик Кан исто така бара одржување на референдумот, со што сака да изврши притисок на врвот на својата Лабуристичка партија и лидерот Џереми Корбин и тој да ја поддржи идејата за организирање на новиот референдум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг