ВМРО-ДПМНЕ конечно излезе со став: На референдумот гласајте по сопствено убедување

Точка

11/09/2018

23:56

5.111

Големина на фонт

а а а

Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат по сопствено убедување на референдумот на 30-ти септември.

После состаноците во партијата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ им порача на своите гласачи, како и на сите граѓани на Македонија, да одлучат по сопствено убедување како да постапат на предстојниот референдум.

Мицкоски на прес-конференцијата која што заврши предмалку, на граѓаните им порача дека сите знаат за што тој зборува, дека граѓаните знаат што треба да направат. Тој порача дека граѓаните треба да го следат срцето и дека ќе се поклони на конечната одлука која што ќе ја донесе народот.


„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека е против овој Договор, затоа што се менува Уставот на државата. Ние сме за членство во НАТО и Европската унија, затоа што тоа се наши пријатели. Но, ние сме на страната на сите кои што се против овој Договор, на било кој начин“, изјави Мицкоски и додаде:

„Прашањето за името е едно од најважните за нашата држава, историско прашање кое што се однесува на иднината и на младите. Ова не е прашање за Мицкоски или Заев, туку за Македонија. После консултациите со граѓаните и одржаните состаноци, донесовме одлука дека секој граѓанин треба да постапи по сопствено убедување на референдумот“.

„Имате се пред вас и вие знаете што треба да направите. Треба само да го слушате вашето срце и вашиот разум. Македонија ќе победи“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг