Македонска (не)култура: Се намачкала со масло и читала книга, а сите гледале во одвратното нешто што го правела

Точка

31/08/2018

21:24

38.683

Големина на фонт

а а а

Девојка со шешир на главата, уживала на лежалка и правела нешто што никако не смее да се прави на плажа. Многумина строго ја осудиле, а имало и такви кои ја бранеле.

Изгледа како сосема нормална сцена на плажа: прекрасно крајбрежје и тиркизно море во Пантелејмонас. Девојката била намачкана со масло за сончање, на галавата имала шешир и уживала читајќи книга. Меѓутоа, причината за оваа снимка е во нешто сосема друго. Таа на плажата правела нешто што ги згрозило туристите и ги натерало да му покажат на целиот Балкан, како една дама се грижи за чистотата на природата и местото на коешто летува.

Еден од момците кои се нашле во близина, одлучил да ја снима дамата, додека грицкала семки од сончоглед, а лушпите ги фрлала директно во песокот. Таа грицкала и уживала, а целиот отпад завршил токму под нејзината нога.


На снимката може да се слушне дека се работи за "дама Македонка" и дека тоа го прави "веќе половина час". Дури и момците кои ја направиле оваа снимка, се пошегувале дека девојката ќе го земе нивното место, бидејќи нејзиното е веќе валкано.

Меѓутоа, во коментарите под видеото, има такви кои остро ја нападнале девојката, затоа што намерно го загадувала просторот околу себе, но исто така имало и такви кои тврделе дека посојат и полоши прекршоци на плажа, од овој.

Многумина споменале флаши, лименки, пелени, како примери за поголемо ѓубре на плажата. Од друга страна, постојат луѓе кои тврдат дека без оглед на сѐ, не треба да снимаат некој без негово знаење и дозвола, бидејќи, што и да правела, има право на приватност. Во некои од коментарите се појавуваат и тврдења дека "сигурно станува збор за Србинка" и дека "ова е нешто што може да го направи само Балканец".

Погледнете го видеото, па сами пресудете:

Дали оваа девојка прави нешто многу погрешно или не гледате ништо лошо во тоа? 



Спонзорирани линкови

Маркетинг