Лавров ги нападна Американците: Сакавте да го смените режимот во Сирија како што тоа го направивте во Ирак и Либија, но не успеавте во тоа!

Точка

31/08/2018

09:30

1.832

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека САД сакаат да го сменат режимот во Сирија и да го направат „истото што го направиле и во Ирак и Либија“.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров деновиве во Москва имаше средба со својот саудиски колега, Адел Ал-Џубеир и притоа, за време на прес-конференцијата тој проговори и за актуелната ситуација во Сирија, која што се чини дека е на работ на нова ескалација.

Лавров истакна дека во план е провокација со хемиски напад и таа операција има за цел да ја одржи присутноста на терористите на просторот на северозападната сириска провинција Идлиб која што моментално е најголемото упориште на сириските бунтовници.


„Идлиб е сега последното упориште на терористите во Сирија кои што настојуваат да шпекулираат со статусот на де-ескалациската зона, продолжуваат да го користат локалното население како жив штит и истовремено вршат репресија над вооружените групи кои што се подготвени да започнат преговори со сириските власти“, изјави Лавров.

Исто така, Сергеј Лавров порача дека Соединетите Американски Држави и натаму се сконцентрирани на „промена на режимот во Дамаск“, односно симнување од власт на сирискиот претседател Башар Ал Асад.


„Не е ова прв пат САД, без оглед на тоа која администрација е на власт, за приоритет да стави промена на дисидентски режим, наместо да се сконцентрираат на заедничката цел – истребување на тероризмот и екстремизмот“, изјави Сергеј Лавров и додаде:

„Тоа веќе го видовме претходно во Ирак и Либија. Сега истата работа сакаат да ја направат и во Сирија, или поточно да се изразам – се обидоа истата работа да ја направат и во Сирија, но не успеаа во тоа“, истакна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг