Ни Украина, ни Сирија: Ова ќе биде главна тема на изненадниот состанок помеѓу Путин и Меркел

Точка

16/08/2018

08:44

4.618

Големина на фонт

а а а

Претстојниот состанок помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин на 18-ти август во Берлин покажува дека сите земји, па дури и сојузниците на САД, мора да реагираат на царинската политика и непредвидливата дипломатија на Доналд Трамп.

Според зборовите на портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, лидерите на двете земји ќе разговараат за ситуацијата во Сирија и Украина, но и за изградбата на гасоводот "Северен ток 2". 

Но, според зборовите на експертите, целта на состанокот би можела да биде и обид да се зацврсти меѓусебното партнерство и да се разменат идеи за реакциите на воведувањето на царини на алуминиумот и челикот од страна на Доналд Трамп, што посебно ги погоди Германија и Русија.


"Би го набљудувал овој состанок во поширок, глобален контекст. Не гледам знак за затоплување на односите помеѓу Берлин и Москва, но тие имаат заеднички интереси и пробуваат што е можно повеќе да соработуваат во врска со нив", навел експертот за источна Европа - Штефан Мајстер.

Станува збор за изградба на гасовод наречен "Северен ток 2", кој ќе испорачува руски гас до Германија, заобиколувајќи ја Украина и Полска. САД се против овој проект, но Русија и Германија имаат економска и историска врска, како и наследство од двете светски војни.

Долгата историја на взаемни односи, која започна пред доаѓањето на Меркел на власт во 2005 година, ја имаат и самите лидери на двете земји, наведуваат американските медиуми.


Се очекува Меркел, која редовно е мета на критики во јавноста поради миграционите политики, да зборува за ситуацијата во Сирија и да го постави прашањето за враќање на сириските мигранти дома. Имајќи ја предвид улогата на Русија во поддршка на претседателот на земјата, Башар ал Асад, секој договор по тоа прашање бара и руско учество.

Постојат и стравувања дека новите американски санкции кон Русија би можеле да влијаат на работата на германските претприемачи, што претставува и повод за ширење на соработката.

"Не гледам промени во односите помеѓу Москва и Берлин, но тие соработуваат на некои конкретни прашања, што е одговор на надворешната политика на САД", истакнал извршниот директор на Источниот комитет за германска економија, Мајкл Хармс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг