Обама или Осама? Натпреварувач на квиз стана мета на потсмев поради оваа грешка

Точка

14/08/2018

19:58

2.621

Големина на фонт

а а а

Натпреварувач на популарниот американски квиз Пирамида, стана вирален хит и предмет на потсмев на Интернет благодарејќи на асоцијацијата на едно прашање.

Натпреварувачите во квизот се натпреваруваат во пар со славни лица од јавниот живот на САД, кои мора да им даваат асоцијација на одредени теми испишани на екранот. Колку повеќе асоцијации ќе погоди славната ѕвезда, толку повеќе пари добива натпреварувачот.  

Натпреварувачот Еван Кауфман играше во пар со комичарот Тим Медоу, кој морал да му даде асоцијација на темата: "Личности кои се презиваат Обама".

##https://twitter.com/Dancing_IMoo/status/1028871537032450049##

Меѓутоа, Еван го заменил Обама со Осама, па на комичарот му даде асоцијација "Бин Ладен". Но, брзо се предомислил и веднаш рекол "Барак", а комичарот одговори: "Обама".

Сепак, исечокот од видеото стана вирален хит на Твитер па луѓето масовно се шегуваат на сметка на Еван.



Спонзорирани линкови

Маркетинг