Заев: Броени се деновите до референдум, решение за ДИК на следната лидерска

Макфакс

19/07/2018

16:53

2.430

Големина на фонт

а а а

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната средба да биде постигнато решение за Државната изборна комисија.

„Стратешки цели на нашата земја и на сите партии во Собранието е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Комромиси нема за стратешките цели. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот сè додека е возожно. Секако притоа парламентот продолжува да работи и измените на Изборниот законик продолжуваат на комисиите“, изјави Заев по лидерската средба која траеше четири часа.

Тој рече дека деновите до референдумот се избројани. На новинарско прашање за кои прашања е постигнат договор и кои разлики останале, не сакаше да одговори.

„Заклучив дека можеби ќе направам грешка ако зборувам за заклучоците и суштините. Тоа би нанело штета. Така да има прашања кои лесно се договраат и прашања кои не се договараат лесно. Процесот е во броени денови. Сите сме свесни дека се броени деновите за референдумот по кои ќе има уставни измени“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг