Додека Трамп говореше за ЦИА, се изгаснаа светлата во Белата куќа

Макфакс

18/07/2018

10:21

1.520

Големина на фонт

а а а

Додека американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера говореше како има голема доверба во американските разузнавачки агенции, светлата во Белата куќа накратко згаснаа.

Така, сите присутни, останаа речиси во целосен мрак.

„Упс, само што ги исклучија светлата. Тоа мора да се разузнавачките агенции“, се пошегува претседателот.

Кратко потоа, светлата повторно се вклучија, а Трамп ги запраша членовите на неговиот кабинет, пратениците и новинарите дали е се во ред. „Беше чудно, но сега е ок“, додаде Трамп.

Трамп, по состанокот со својот руски колега Владимир Путин, во вчерашниот говор се обидуваше да објасни дека целосно ја поддржува американската разузнавачка заедница и нејзините заклучоци дека Русија се мешала во претседателските избори од 2016 година, пренесуваат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг