За роденденската забава на познатото списание, сите познати дами се облекоа како во 80-тите

Точка

13/07/2018

15:17

4.793

Големина на фонт

а а а

Модата од 80-тите години повторно станува актуелна. Нагласени рамена, живописни бои, широки фустани во облик на балон, метален сјај, карнери..

Сето тоа сега е повторно во мода, иако на почетокот многумина беа скептични за сериозноста на овој тренд. Но, фактот дека модата од 80-тите повторно го најде своето место под сонцето, сега потврдија и сите познати дами на забавата на шпанското издание на Вог, во Мадрид по повод 30-тиот роденден, што изгледал како модно враќање во минатото.


Ирина Шајк на настанот ја носела бојата на годината и тоа од глава до пети. Убавата манекенка се одлучила за виолетов миди фустан, со нагласени рамена и карнери. На нозете носела елегантни сандали во истата боја, а еднобојната комбинација ја разбила со ташна што има примерок на леопард.


Рамената ги нагласила и нејзината колешка Бар Рафаели, која носела црна полупрозирна тоалета со точки и интересни салонки во истата боја.


Манекенката Карли Клос на настанот се појавила во златно светкав сако-фустан и нè врати во ерата на диската, а ова парче облека го искомбинира со едноставни црни сандали.

Освен манекенките, во 80-тите нè врати и пејачката која токму кон крајот на тие години стана светски позната. Станува збор за Кајли Миног, која за настанот одбрала нималку ласкав фустан во форма на балон со карнери, што на неа изгледаат изненадувачки убаво.


50-годипната поп ѕвезда својот тиркизен фустан го искомбинирала со златни сандали, а овој изглед го комплетирала со висачки обетки и уште еднаш докажала дека годините за неа се само бројка. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг