Шок! Оваа судбина ја чека пештерата која за малку ќе ги проголтала децата: Тајландските власти донеле итна одлука

Точка

12/07/2018

14:52

5.890

Големина на фонт

а а а

Пештерата на северот на Тајланд во која 12-те деца и нивниот тренер биле заробени повеќе од две недели, ќе биде претворена во музеј.

Според првите информации, во музејот ќе биде претставен начинот на кој се одвивала спасувачката акција, а службениците наведуваат дека тоа ќе биде главна атракција на Тајланд. 

12-те деца и нивниот тренер закрепнуваат во болница. Вчера биле објавени првите фотографии од децата од болница, на кои се гледа дека се добро расположени.

Там Луанг е една од најголемите пештери на Тајланд. Се наоѓа во близина на градот Мае Саи, во северната покраина Чианг Раи на границата со Мјанмар. Ова подрачје во главно е неразвиено.

"Ова подрачје ќе стане музеј Ќе поставиме интерактивна база на податоци за акцијата за спасување која ќе стане уште една атракција на Тајланд", рекол Наронгсак Осотанакорн, шефот на спасувачката мисија.

Премиерот Прајут Чан Оча изјавил дека е неопходно да се спроведат мерки за претпазливост, како внатре, така и надвор од пештерата, за да се заштитат туристите.

Уште не е познато дали музејот ќе биде оперативен во текот на целата година.

Освен тоа, две компании изразиле желба да снимат филм за децата и тренерот кои биле заробени во пештерата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг