Снегот го покри поголемиот дел од Хрватска, а на некои места сè уште паѓаат нови врнежи. Според најновите податоци од Државниот хидрометеоролошки завод, на станиците Завижан и Парг-Чабар сè уште паѓа снег. На Сљеме, во Загреб паднаа околу десет сантиметри нов снег, а во Парг дури осумнаесет.
Патиштата се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата, а на некои патишта во Горски Котар и Лика има зимски услови, предупреди утрово Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК). Во крајбрежната област, во подножјето на Велебит, дува силен ветер со бури.

Во Македонија денеска не’ очекува променливо облачно и посвежо време. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
УХМР информира дека снег има Попова Шапка – 58 сантиметри покривка и 1 сантиметар во Крушево.

Минимални температури
-3 Попова Шапка, 0 Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 Берово, 3 Крива Паланка, Претор, 4 Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, 8 Демир Капија, Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
10 Попова Шапка, 3 Битола, Тетово, Куманово, 2 Прилеп, Kрушево, Лазарополе, 1 Ѓуриште, Пожар, Тополчани.








