20-годишната Кајли Џенер се најде на насловната страница на угледниот "Forbes"

Точка

11/07/2018

19:33

2.410

Големина на фонт

а а а

Угледното списание "Forbes" откри која е ѕвездата на нивната нова насловна страница. Новиот број на списанието го краси 20-годишната Кајли Џенер која важи за најмладата милијардерка на светот и која ги заработила своите пари со сопствениот труд.

Се што е потребно е да го престигне Марк Закерберг кој ги заработи своите први милијарда долари на 23 години, а како што наведува списанието, Џенер е на добар пат да го постигне тоа. 

Кајли пред две години ја лансираше својата компанија "Kylie Cosmetics", а само со првиот мејкап сет досега заработила околу 630 милиони долари. Оттогаш, таа лансираше и разни други производи кои ја подигнаа вредноста на нејзината компанија на околу 800 милиони долари, пишува "Forbes".



Спонзорирани линкови

Маркетинг