Мистериозни снопови од радио бранови од вселената ги збуниле научниците: А потоа откриле дека станува збор за нешто многу вредно

Точка

20/06/2018

12:58

7.286

Големина на фонт

а а а

Телескопот "Green Bank", на западот на американската држава Вирџинија, со децении е место на кое бројни автори на научната фантастика мечтаат за средба со вонземјани, но и место на кое научници доаѓаат до значајни откритија.

Но, статијата, објавена во списанието "Nature Astronomy", по кој знае кој пат покажува дека реалноста е полуда од најбогатата мечта кога станува збор за природата. 

Научниците токму со помош на тој телескоп успеале да објаснат дека мистериозните снопови на радио бранови кои доаѓаат до Земјата преку огромните пространства на нашата галаксија, потекнуваат од дијаманти кои кружат околу оддалечените, тукушто родени ѕвезди.

Дваесет години астрономите и астрофизичарите не успеале да објаснат зошто, при одредени фреквенции на невидливиот спектар, небото во некои подрачја изгледа многу посветло од околните подрачја. А потоа се споиле со "Green Bank" и австралискиот телескоп "Compact Array" од Нов Јужен Велс.

Со заеднички сили откриле дека микробрановите до изворот оддалечен околу 500 светлосни години од Земјата потекнуваат од облаци кои ротираат околу ѕвездите, чиј состав е сочинет од огромни количини на малите дијамантски кристали.

Кристалите ротираат околу својата оска над десетина милијарди пати во секунда, што одговора на фреквенцијата на микробрановите. Повеќето микродијаманти не се толкави за да може со нив да се украси прстен или ланче, туку станува збор за големина од милионити дел од милиметар.

Ваквите аномалии на микробрановите прв пат ги открил сателитот на НАСА "COBE" во 1996. година, што на научниците кои со негова помош ја истражувале вселената им донело Нобелови награди.

Потеклото на микробрановите со години се објаснувало како вселенска прашина сочинета полициклички јаглеводороди. Меѓутоа, таа теорија била потресена кога се открило дека микробрановите до Земјата не доаѓаат баш секогаш од таквите облаци од прашина, пренесува "Express".

Тогаш астрономот Џејн Грејв, од универзитетот во Кардиф, со своите набљудувања на 14 многу масивни млади ѕвезди го фатила моментот на создавање на планети во ѕвездените системи кои само што се формирале. Таа тогаш забележала дека од облаците околу една од тие ѕвезди до нас допира изразен скок на микробранови во тесно подрачје. Нејзината колешка Ана Скајфе од Универзитетот во Манчестер многу слична особина забележала кај две други ѕвезди.

Три речиси идентични случаи биле "ѕвончето за паника". Тоа биле ѕвездите "V892 Тау" во соѕвездието Бик, "HD 97048" и "MWC 297" во соѕвездијата Камелеон и Змија. Облаците околу тие ѕвезди зрачат, се воспоставило, на фреквенции меѓу 20 и 50 гигахерци, а кристалните дијаманти за кои се се воспоставило дека се извор, имаат димензии меѓу 0,75 и 1,1 милионити делови од милиметар.

Постоењето на таквите кристали во вселената астрономите го докажале во април, со откритието на остатокот од метеоритот кој пред десетина години експлодирал над пустина во Судан. Кристалите се наоѓале во остатоците од метеоритот кој го пронашле. И покрај ситните димензии, астрономите проценуваат дека сите нанодијаманти кои кружат околу секоја ѕвезда, кога би се собрале на едно место, би имале маса од прилика еднаква на масата на Мекрур, односно стотина милијарди тони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг