Заев му ја подари вратоврската на Ципрас

Точка

17/06/2018

11:52

9.120

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев му ја подари вратоврската која ја носеше на потпишување на договорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Откако се доближи до грчкиот премиер Ципрас, македонскиот премиер Заев, забележа дека тој е без вратоврска, па ја извади својата и му ја подари.

Ова предизвика смеење и аплаузи од присутните, а фоторепортерите имаа полни раце работа.

Потоа еврокомесарот Хан му ја намести крагната од кошулата на Заев и ја стави вратоврската во џебот од сакото на Ципрас како украсно шамивче.

Сето ова се случуваше по потпишувањето на Договорот за името, кога актерите на овој чин застанаа да позираат пред камерите и да направат заедничка фотографија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг