Бачев: Ниту ќе дојде до промена на името ниту Македонија ќе стане членка на НАТО

Макфакс

13/06/2018

16:54

1.873

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија одржа прес-конференција за, како што беше речено, приватната забава на Заев и Ципрас за некаков договор за промена на името.

На прес-конференцијата претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави дека марионетската влада во Скопје силно го вознемирила македонскиот народ со големата лага дека има меѓународен договор за промена на името меѓу Македонија и Грција.

Бачев порача дека ваков договор нема да има бидејќи, како што рече, за валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети и два општи услова.

„Прво, да биде склучен од страна на надлежни органи. Зоран Заев не може да се смета за овластено лице за склучување меѓународен договор бидејќи е избран од Собранието со кое претседава нелегален претседател и според домашното право вакви договори не може да склучува Владата, туку надлежноста ја има претседателот на Република Македонија. Второ, да постои дозволен предмет на договарање. Договарања за име преставува недозволен предмет бидејќи според меѓународното право името на една држава е прашање на внатрешната надлежност, а не на меѓународното право. Според тоа, меѓународниот договор за името е ништовен, со што се отвора патот на која било власт во државата таквиот договор да биде лишен од правно дејство“, рече претседателот на Единствена Македонија на пресот.

Тој истакна дека во една претпоставена сиутација и да дојде до склучување и ратификација на меѓународен договор за промена на името, новата легална власта на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот нелегаен договор.

„Она што е најбитно, ја користам шансата да го рефаирмирам нашиот став. Ниту ќе дојде до промена на името ниту Македонија ќе стане членка на НАТО. Единствена Македонија е дел од еден поширок процес за пораз на погубната политика на марионетската власт во Скопје, а јасно изразената намера на македонскиот народ за историски стратешкиот сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија ќе биде остварена“, изјави Бачев.

Сепак, додаде тој, ќе остане големиот срам за државата од марионетската власт купена и корумпирана од странски центар и истакна дека Зоран Заев веќе целосно го изгубил компасот во својот поход за рушење на Македонија и Македонците.

„Да замислиме една претпоставена ситуација во која странските газди на Заев ќе му помогнат да го фалсификува референдумот за промена на името. Тоа ќе биде невидена бламажа и срам за Македонија, сè сме промениле, а нема договор и сè се враќа на почеток. Значи, ќе го уништиме и овој драгоцен капитал што го имаме со признавањето на уставното име од над 140 држави кои ќе треба потоа пак да ги молиме дека сме Република Македонија. Севкупно, јавноста треба да знае дека нема никаков договор, туку има само приватна забава меѓу Заев и Ципрас. Единствена Макеоднија останува на својот веќе промовиран став дека ниту Македонија ќе го промени името ниту ќе стане членка на НАТО“, рече претседателот на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг