Пожарот во Дебар Маало од дефект на бојлер

Нетпрес

13/06/2018

13:46

1.208

Големина на фонт

а а а

Пожарот во зграда во Дебар Маало вчера избувнал поради дефект на бојлер, информираат од МВР.

На 12.06.2018 година во 12.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во Бригадата за противпожарна заштита пријавил дека спроти Министерството за одбрана на улицата Дане Крапчев бил опожарен стан сопственост на Б.З.О., кој најверојатно се запалил од дефект од неисправен бојлер.

Од екипа на Бригадатаза ппротивпожарна заштита Скопје пожарот бил ставен под контрола. Повредени лица нема, а од пожарот станот бил целосно опожарен. Исто така, два стана на истиот кат биле исчадени, а шест стана биле оштетени од водата при гаснење на пожарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг