Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината

Макфакс

29/04/2024

11:46

519

Големина на фонт

а а а

„800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари. 800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово“, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија“, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.



Спонзорирани линкови

Маркетинг