[ВИДЕО] Американците конструираат „авион за судниот ден“: Пристигнува ново летало за посебна намена, а ќе го користи само претседателот

Точка

28/04/2024

16:56

4.350

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Соединетите Американски држави ја доделило работата за изработка на „авион за судниот ден“ („Doomsday Plane“) на компанијата „Sierra Nevada Corporation“.

Врз основа на договорот тежок 13 милијарди долари, компанијата ќе го замени стариот „Boeing E-4B Nightwatch“ со авиони кои претставуваат напредна воздушна командна станица (Edvensd Erborn Komend Post – AACP).

Од компанијата се очекува производството на овој тип авиони да го заврши до 10 јули 2036 година, според „Defence News“.

„Развојот на овој национален безбедносен вооружен систем осигурува дека нуклеарната команда, контролата и комуникациската способност е оперативно безбедна во наредните децении“, изјавил портпаролот на Военото воздухопловство на САД (US Er Fors – USAF).


Boeing E-4B е креиран за да му овозможи на претседателот на САД да командува со вооружените сили во случај на нуклеарна војна или друга катастрофа што би ги уништила командните и контролните центри на теренот.

Четири Е-4B авиони на воздухопловните сили летаат од 1970-тите и се при крај на својот работен век.

Во соопштението на Одделот за воздухопловство на Министерството за одбрана се вели дека Sierra Nevada ќе го изгради SAOC од „зајакната и модифицирана верзија на комерцијален авион.


Системите за копнена поддршка на SAOC ќе вклучуваат обука за воздушниот екипаж, мисијата и техничкиот персонал, како и опрема за копнена поддршка, лаборатории за интеграција за тестирање и одржување на системи и други системи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг