Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

Макфакс

29/04/2024

11:49

621

Големина на фонт

а а а

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори.

Министерот Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ, го повтори партискиот став дека волјата на народот мора да се почитува.

„Не е чесно пред граѓаните да зборуваме за коалиции без да се слушне нивната волја. Секој кој говори на таа тема, го омаловажува народот кој допрва треба да гласа“, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој ја коментираше и недамнешната изјава на Изет Меџити дека македонските партии не сакаат да коалицираат со ДУИ, велејќи дека целта на Интегративците не е да бидат симпатизирани од другите партии.

„Нашата цел не е да не’ симпатизираат. Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатиии кај македонските партии е навредлива. Уште понавредливо е да зборуваме за коалиција на 9 дена пред избори. Фактот дека политичките партии прават калкулации, за мене е потценување на демократијата и достоинството на секој народ“, рече Османи.

Дополнително во однос на претседателските избори, Европскиот фронт деновиве ќе одлучи како ќе настапи во вториот круг, односно кого ќе поддржи.

„Јас бев кандидат на Европскиот фронт и заеднички ќе одлучиме деновиве како ќе се поставиме во вториот круг“, рече Османи.

За него, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, е обид да се омаловажи достоиснтвото на Албанците.

„Мицкоски успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100 годишното ропство, омаловажување и починување. Да иритира нерв кој мислевме дека е длабоко сокриен. Да врати сеќавање од Југославија и Рахман Мурина. Овој обид за омаловажување на достоинството на секој Албанец го мобилизираше народот. Не само тие што ме поддржуваа, туку и гласачите на опозицијата кои не гласаа за мене. Веќе не е прашање помеѓу Европски фронт и Вреди“, рече Османи.

Прашан за скандирањето УЧК на митинот на ДУИ и која е потребата од тоа, Осмни рече дека Ахмети веќе ја коментирал темата, потоа повторно обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, односно слоганите кои, како што вели, ги извадиле и политичарите од својата кожа.

„Да повикате државата да биде повторно твоја е најсрамниот и најшовцинистичкиот повик што може да се претстави во една мултиетничка држава. Национализмот раѓа национализам. Овие сили го вратија тоа чувство“, рече Османи.

Повтори дека позициите на ДУИ се јасни, односно почитување на Преспанкиот договор, Договорот за добрососедство, Охридскиот договор и ветигот – опишувајќи ги како прашања без кои не се може. Без договор за Уставни измени, според Османи, нема да може да продолжи да функционира било која влада, оти не може да се функционира без ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг