Играчот на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант е во сериозни преговори со тимот за потпишување нов договор. Според последно потпишаниот договор со Голден Стејт, тој има клаузула и има право да го прекине по завршувањето на првата година, со што и тоа ќе го направи.
Дурант ќе се избори да издејствува скоро 160 милиони долари за четиригодишна верност со Вориорс, а по се изгледа расположението во раководството на клубот е на завидно ниво и се чека само да се освои шампионската титула во НБА.
Кошаркарот како свој адут во преговорите влегува со 26,4 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции во регуларниот дел.