Проблеми за Порше: Се повлекуваат дури 60 илјади автомобили!

Точка

21/05/2018

19:10

4.001

Големина на фонт

а а а

Порше мора да повлече дури 60 илјади модели на "Cayenne" и "Macan" кои што имаат дизел моторои во Европа, со цел да се извршат поправки на моторите.

Германските медиуми откриваат дека Порше ќе повлече 60 илјади автомобили откако германска "KBA" пронашла нелегални функции на софтверот. Имено, за време на извршените инспекции, било откриено недозволена контрола на испуштањето на азотен оксид.

Оваа информација ја потврдија од германското Министерство за сообраќај, додека пак од Порше засега не се достапни за коментар.


Како што откриваат германските медиуми, ќе бидат повлечени точно 52,831 "Macan" автомобили со 3.0-литарски V6 TDI мотор и 6,755 "Cayenne" автомобили со 4,2-литарски V8 TDI мотор.

Станува збор за најновото повлекување на автомобили во рамките на Volkswagen групацијата, предизвикано од избивањето на "Dieselgate" аферата која што трае од септември 2015-та година. Минатата седмица исто така и од Ауди ја прекинаа испораката на „А6“ и „А7“ моделите, најавувајќи низа на повлекувања поради слични проблеми.


Од Порше чии што автомобили ги користат дурбо дизел агрегатите на Ауди, уште во февруари ги информирале германските власти во врска со „нерегуларностите“ кои што биле пронајдени за време на тестирањата на издувните гасови.

Од Ауди во март соопштија дека очекуваат германските сообраќајни органи да одредат дополнителни повлекувања на дизел моделите, а од компанијата започнале со тестирања во јули минатата година и биле опфатени околу 850 илјади автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг