Надал го „скрши“ Ѓоковиќ, тениското „Класико“ го донесе и поенот на турнирот во Рим

Дерби

19/05/2018

18:07

3.723

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ова попладне го одиграа 51-то тениско „Класико“ по ред во својата феноменална меѓусебна историја, а иако денеска можевме да уживаме во навистина убав и доста изедначен тенис на моменти, сепак конечниот епилог беше очекуван ако се земе во предвид моменталната форма.

Српскиот тенисер го даде својот максимум во првиот сет и успеа да го одведе истиот во тајбрејк и покрај тоа што губеше со 5:2, но сепак во 13-от гејм повеќе нерви имаше најдобриот тенисер на земјена подлога кој уште еднаш го оправда епитетот „крал на земја“. Шпанецот успеа да го „скрши“ Ѓоковиќ во одлучувачките моменти и го доби тајбрејкот со 7:4, а потоа на стартот на вториот сет направи брејк со кој го внесе мечот во насока во која посакува. Надал успешно го задржуваше својот сервис, а потоа на крајот направи уште еден брејк за конечни 7:6 и 6:3.

Рафа на овој начин се пласираше во ново финале во Рим и успеа да намали на 26:25 во меѓусебните дуели со Ѓоковиќ, а од денешното „Класико“ за издвојување е и неверојатниот поен кој го одиграа двајцата тенисери, а кој во дадената ситуација му припадна на Србинот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг