Ето го „пецна“ Пике: Не ја среди баш работата онака како што мислеше…

Дерби

19/05/2018

14:06

2.768

Големина на фонт

а а а

Институционалното испраќање на Андрес Иниеста донесе навистина многу емоции во салата и расплакани лица во салата, но исто така и посета на поранешни фудбалски легенди како Чави Ернандез и Самуел Ето.

Чави и Ето беа дел од поставената бина и заедно се потсетуваа на незаборавните моменти кои ги минаа со актуелниот капитен на каталонскиот гигант, а друштво им правеа и играчи како Серхио Бускетс, Жорди Алба и Жерард Пике. При своето обраќање кое го имаше и прашањата кои ги доби, доста интересни одговори даде секогаш отворениот Самуел Ето, кој покрај тоа што му се поклони на Иниеста, не заборави да го „пецне“ Пике за пораката која му ја испратил по крајот на мечот меѓу Барселона и Интер.

Ето ја напушти Барселона и во 2010 година како лидер во нападот на Интер се радуваше над победа на својот поранешен тим во Лигата на шампионите, а Камерунецот сега се потсети на еден детаљ кој доаѓа од првиот натпревар кој италијанскиот тим го доби со 3:1.

– После првиот натпревар во Милано кој заврши 3:1, Пике ми порача дека лесно ќе ги средат работите на „Камп Ноу“. Но, мислам дека не средија баш како што треба. Нели е така Жерард?, – со насмевка на лицето му порача Ето на Пике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг