Иниеста го издвои играчот за кој Барса мора да вложи секаков напор за да го задржи: Ако тој си замине, тоа ќе биде огромна грешка!

Дерби

17/05/2018

22:01

3.162

Големина на фонт

а а а

Андрес Иниеста полека се подготвува за својот последен фудбалски танц како играч на Барселона, но во пресрет на натпреварот со Реал Сосидад, капитенот на каталонскиот гигант стана интересен за јавноста и со една директна препорака која ја испрати до управата на клубот.

Станува збор за еден од најпотценетите играчи во редовите на Барслеона, неверојатниот работник Серхио Бускетс, играч за кој Иниеста смета дека мора уште долги години да остане како лидер во тимот и затоа побара од упрвата добро да го заштити и награди со нов договор.

– Ако не продолжи Бускетс во тимот, тоа ќе биде огромна грешка. Не само поради тоа што го носи на теренот, туку и поради тоа колку вреди неговата појава за Барселона. Му преостануваат уште многу години фудбал на врвно ниво и според мене тој е клучна алка во тимот. Не знам во која насока се преговорите, но не е добро да има нејаснотии за таков фудбалер, – вели Иниеста во интервјуто за угледното радио „РАЦ1“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг