Со својата убавина го воодушеви Рики Мартин, а сега ја нарекуваат "Девојката на Франкенштајн"

Точка

17/05/2018

11:14

8.651

Големина на фонт

а а а

Таа била најпознатата Хрватка, која се појави во видео записот на Рики Мартин "Livin La Vida Loca". Нина Мориќ доминираше на италијанската, но и на светската модна сцена, постојано нижеше успеси, но и љубовни бродоломи. Денес има направено пластични операции со кои се довела до непрепознатливост.

Неодамна се појавила во италијанската шоу програма "Big Brother", а после тоа Италијаните започнале да ја нарекуваат "Девојката на Франкенштајн". 

Тенок нос, истакнати јаболкници, црна коса, така денес изгледа некогаш симпатичната девојка од 1996 година. Тогаш победи на изборот за мис на Хрватска, а истата година учествуваше на натпреварувањето "Elite Look of the Year" и го освои второто место.

Во 1998 година повторно учествуваше на истиот натпревар и го освои првото место понесувајќи ја титулата за манекенка на годината.

Победата ѝ донесе двогодишен договор за познатата модна куќа L.A. Models. Таа заминала за Америка и започнала да работи за модната куќа.

И покрај нејзините многубројни таленти, таа својот личен опис го променила со пластичните операции, нижела љубовни неуспеси, а себе се сместила во редот на најконтроверзните и најскандалозните личности во јавноста.

Таа стапила во брак со Фабрицио Корона во 2003 година и го има синот Карлос Марија, а официјално се разведоа во 2007 година.

Сепак, после разводот се ширеле гласини дека тие и понатаму се во контакт и дека планираат повторно да се венчаат. Но потоа, италијанските медиуми започнаа да известуваат за насилните расправии, како и обидите за самоубиство на Нина.


Во 2013 година јавноста се шокираше кога дозна дека Нина направила тајна венчавка во Камбоџа со бизнисменот Масимилијано Доси после само два месеци врска. Љубовта не траела, па после два месеци следувал развод.

За себе вели дека е како Елизабет Тејлор и дека сигурно ќе има уште многу бракови.