Заев ја прифати фрлената ракавица – ќе се соочи со Мицкоски на ТВ дуел

Макфакс

16/05/2018

10:23

1.234

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за телевизиски дуел, на кој би дискутирале за актуелните политички прашања во државата. „Премиерот Зоран Заев во секое време е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски“, велат од Владата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата, одговарајќи на новинарско прашање за средба со премиерот Заев, рече дека би сакал таа средба да биде телевизиско соочување, наместо во кабинет.

„Како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во земјава, ќе ја искористам оваа прилика да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана – го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг