Има план за иднината: Иниеста откри во каква улога планира да се врати во Барселона

Дерби

16/05/2018

09:53

1.010

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот репрезентативец, Андрес Иниеста по завршувањето на тековната сезона го напушта составот на Барселона и својата кариера ќе ја продолжи во Азија со тоа што новата средина се уште не е позната или поточно во игра се две опции Кина и Јапонија.

Одговорот на таа дилема ќе ја дознаеме набрзо, но она што дон Андрес не го крие е дека еден ден сака пак да се врати во Барселона, ама со поинаква улога.

- Се надевам во иднина ќе можам да се вратам назад во Барселона зошто ова е мојот дом и овде бев многу среќен. Почнувам да се интересирам да бидам тренер, ама сакам да играм уште неколку години, - порача Иниеста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг