Барса со посебен потег го најави последниот натпревар на капитенот на „каталонците”

Дерби

15/05/2018

13:57

1.269

Големина на фонт

а а а

Андрес Иниеста, легегендарниот фудбалер на Барселона кој е заслужен за успесите на ,,каталонците” изминатава деценија го игра последниот натпревар во дресот на овој клуб и тоа наредниот викенд.

Иниеста кој кариерата ја започна во редовите на младинската школа и скала по скала успеа да ги помине сите препреки започнувајќи од вториот тим на Барселона, па се до водечка улога во капитен на тимот на ,,каталонците”, а како што доликува последниот натпревар ќе го одигра пред својата публика на домашен терен.

А како благодарност кон Иниеста за се што направи за клубот, раководството на Барселона од денес пушти во продажба дресови во чест на Иниеста, а од дресот може да се забележи дека бројот ,,8” е ставен во обратна насока што претставува знак за бесконечност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг