Заев очекува брзо решение за името

Нетпрес

05/05/2018

14:11

2.961

Големина на фонт

а а а

Штом двете страни стигнаа до оваа фаза покажуваат сериозност кон проблемот и очекувам дека ќе има брзо решение, изјави денеска во Дојран премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун.

„Доста граѓаните веќе не критикуваат време е да не пофалат“, рече Заев кој присуствуваше во акција на чистење на Дојран во пресрет на туристичката сезона.

Димитров и Коѕијас вчера во Солун ги разгледувале можните комбинации за двете преостанати потешки прашања во преговорите за спорот со името.

Во изјавите по билатералната едно ипол часовна средба на маргините на состанокот на премиерите од регионот, тие останаа воздржани за деталите и единствено најавија нова тет -а-тет средба за една седмица, на 12 мај на конференцијата во Сунио, а потоа и средба со медијаторот Метју Нимиц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг