Чоколаден пудинг, сладолед и чоколадо со кои ќе се ослободите од вишокот килограми

Точка

03/05/2018

09:49

6.505

Големина на фонт

а а а

Кога луѓето сакаат да се ослободат од вишокот килограми прво нешто што скратуваат е десертот. Нутриционистички ориентирано мислење е дека слатките се штетни за нашето здравје и ги следи лоша репутација особено кога станува збор за намалувањето на вишокот килограми. Сепак тие се преполни со рафинирани шеќери и други состојки кои се најбрзиот пат кон дебелеењето.

Само затоа што нешто има благ вкус, не значи и дека е штетно или пак дека не може да ви помогне да ја намалите телесната тежина. Да, да добро прочитавте. Ќе ни поверувате ако ви кажеме дека најслатките нешта кои сакаме да ги јадеме можат да ни помогнат да се ослободиме од вишокот килограми? Верувајте ни, затоа што на наша голема среќа на нашиот пазар денес ни се достапни овие слатки продукти кои не само што нема да не здебелат, туку ќе направат да ослабеме и да сме здраво потхранети.

Пудинг од чоколадо


Да, чоколадниот пудинг кој е дел од асортиманот на храна која ја нуди Pro-Fit, ќе ви помогне во губењето на вишокот килограми бидејќи се базира на високо количество на протеини. Ова слатко задоволство ќе ви замени еден оброк во денот и ќе ви овозможи да внесете онолку протеини колку што би консумирале и со друг оброк кој се базира на високо количество на протеин, како јајца или месо. Разликата и предноста на овој пудинг е тоа што е повкусен од онаа протеинска храна која ја јадеме секојдневно и можете да го носите секаде со себе. Подготовката е многу едноставна. Се што ви е потребно е вода и шише или шејќер во кој може да го растворите и voilà, вашиот пудинг е подготвен.

Палачинки


Палачинките се уште една храна која ја ставаме во кош со оние благи десерти кои треба да ги избегнуваме доколку сакаме да ослабеме. Но, тоа не е случај со палачинките од Pro-Fit! Овие палачинки содржат висок процент на протеин и исто така заменуваат еден оброк во текот на денот. Уште една добра вест, особено за оние љубители на благото, е дека палачинките може да ги комбинирате и со другите оброци кои ги нуди храната Pro-Fit. Кој би поверувал дека во текот на денот може да јадете пудинг и палачинки, а сепак да слабеете.

Тирамису


Овој сладок десерт кој може да го најдеме во речиси секоја слаткарница е фаворит на многу луѓе, но и добро ни е познато дека истиот е полн со шеќери и содржи многу калории. Денес на пазарот, Pro-Fit ни нуди тирамису кое содржи многу протеини, а многу малку шеќери. Исто така лесно за подготовка, ова тирамису може да биде вашиот оброк од дневното мени и може да го комбинирате со другите продукти на Pro-Fit.

Чоколадо и протеински кранчови


Кога помислуваме на благо и на десерт, речиси на сите прво на ум ни паѓа чоколадо. Па зар има некој кој не сака да јаде чоколадо? Ние би рекле дека има луѓе што сакаат чоколадо и луѓе што мнооогу сакаат чоколадо. Уште една од низата радосни вести е дека сега Pro-Fit ни нуди чоколадо и протеински кранчови кои ќе ви помогнат да ги намалите вишокот килограми. Колку и да звучи неверојатно, да, сега можеме да јадеме чоколадо и да слабееме.

Сладолед


Времето се стоплува, се наближува и летото, а со тоа почнува сезоната на сладолед. Совршено време да се разладите и да се заблажите со овој десерт кој е омилен кај сите генерации, од најмлади до најстари. Сладоледот на Pro-Fit, еден од најновите производи од асортиманот кој го нудат, е совршен оброк во кој може да уживате во топлите денови кои ни следат. Како и сите други, така и овој продукт на Pro-Fit содржи висок процент на протеини, ќе ви помогне во процесот на слабеење и ќе ви биде вкусен како и секој сладолед кој би го купиле во слаткарниците или маркетите.

Ќе помислите дека само на сон би било можно да јадете сладолед, пудинг и чоколадо во текот на еден ден и да слабеете? Ние сме многу среќни што денес високопротеинската храна Pro-Fit ни ги нуди овие слатки продукти кои се многу лесни за подготовка, се многу здрави и нема да не здебелат ниту еден грам, туку напротив. Со Pro-Fit денес сонот станува јаве.



Спонзорирани линкови

Маркетинг