Фолксваген идната година ќе го смени логото!

Точка

18/04/2018

18:56

5.685

Големина на фонт

а а а

Големи промени се во тек во Фолксваген, а според последните најави, германскиот автомобилски гигант идната година ќе го претстави новото лого.

Може да се каже дека ова е помалку неочекувано, но шефот на маркетинг одделот при Фолксваген тврди дека оваа компанија мора да се претстави во една нова слика пред светот, односно нешто што ќе биде „помалку германско, а повеќе глобално“.

Од раководството на Фолксваген сметаат дека честите критики поради германскиот стил кој со текот на годините станувал се поблед, како и поради последиците со скандалот „Дизелгејт“, ја втурнале компанијата кон пат во кој што го губела големиот углед на пазарот.


Германците сфатиле дека мора да променат некои работи, а ќе започнат од логото на компанијата: „Сакаме да ја разбиеме монотонијата, сакаме луѓето да се забавуваат со нас“, порача шефот на маркетинг одделот при Фолксваген.

Фолксваген во иднина ќе води повеќе грижа за потрошувачите, а во рамките на подобрата комуникација со нив, планирана е далеку поголема и отворена комуникација преку социјалните и дигиталните медиуми.


Токму преку овие платформи Фолксваген има намера да се приближи до купувачите и да изврши голема промоција на своите технологии и пред се електричните модели.

Промената на логото ќе пристигне како последица на се поголемата дигитализација и потребата за пласирање на заштитен знак кај електронските медиуми и социјалните мрежи. Да потсетиме, Фолксваген последен пат го промени логото во 2012-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг