Вљубеничка во шумата создава магични уметнички дела на парчиња дрво

Точка

17/04/2018

20:54

4.428

Големина на фонт

а а а

Има навистина талентирани луѓе во светов, а благодарејќи на интернетов и социјалниве мрежи(барем за нешто се позитивни), имаме можност да ги запознаеме, да го видиме нивниот неверојатен талент, дел од нивната душа и прекрасна имагинација.

Една од тие луѓе е Ана од Forest Design Art. Вљубеничка во шумите и природата. Тие се нејзината инспирација, дом и она што ја исполнува.

„Кога бев дете, мајка ми постојано ме носеше на прошетки и ми ги покажуваше богатствата што ги нуди природата. Секогаш земавме со нас интересни парчиња дрво, гранки или корења и правевме несекојдневни декорации од нив.  Денес, после толку години сè уште ги собирам овие парчиња од природата и создавам бајковити приказни на нив. Ова е мојата страст и се надевам дека еден ден и мојот син ќе ја наследи оваа љубов што ја имам кон природата”.

Освен овие преубави дела на дрво, Ана создава и накит кој може да го видите и купите на нејзината страна на Etsy (ForestDesignArt) или на нејзината фејсбук страна https://www.facebook.com/forestdesignanna/.





Спонзорирани линкови

Маркетинг