Сакала да биде совршена: Инстаграм ѕвездата се одлучила за бизарна операција која ѝ го уништила животот

Точка

14/04/2018

16:42

9.163

Големина на фонт

а а а

Инстаграм моделот Надин Бруна сакала да се разубави со уште една операција, но контроверзниот зафат на вградување на силикони во очите со цел да ја промени бојата завршил неуспешно.

Денес несреќната Надин има вид кој е полош од вид на деведесетгодишна жена. 

“Пред операцијата, очите ми беа потполно здрави. Сега моите зеници не можат воопшто да се прилагодат на светлина, тие се многу чувствителни. Овој зафат комплетно ми го уништи животот”, изјавила Бруна која сега има светло сиви очи наместо природно кафеави, но по која цена...

Вградувањето на импланти во рожницата е илегално во САД бидејќи офталмолозите тврдат дека тоа може да предизвика непоправлива штета.

Надин која не можела да се задоволи со леќите во боја, во 2016 година заминала за Колумбија каде го направила неуспешниот зафат по цена од 3 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг