Пристигнува новата книга од Толкин која е слична со „Господарот на прстените"

Точка

11/04/2018

20:48

7.707

Големина на фонт

а а а

Книгата „The Fall of Gondolin"(Падот на Гондолин) од Џ. Р. Р. Толкин, приказната за еден убав, мистериозен град кој го уништуваат мрачните сили и која Толкин ја нарекол „првата вистинска приказна" за Middle Earth(Средна Земја), ќе биде објавена во август, пишува британски „Гардијан”.

Издавачката куќа „Харпер Колинс” вели дека Толкин на „The Fall of Gondolin" гледал како на една од трите "големи приказни" за постарите денови на Middle Earth, заедно со приказната за „Берен и Лутиен”, објавена во мај 2017 година, и „Децата на Хурин” (Children of Hurin) издадена во 2007 година.


Сите три станаа дел од „Силмарилион”(збирка дела) која беше издадена во 1977 година. Писателот Џон Гарт, авторот на "Толкин и Големата војна", вели дека Толкин, првата приказна за падот на Гондолин ја напишал додека се опоравувал во болница од последиците од битката на Сома.

"Ова е приказна за потрагата, за несаканиот херој кој ќе стане вистински херој, што е модел за сè што Толкин подоцна напишал. Во неа има Темен Господар, прва средба со орки и балрози. Всушност, тоа беше Толкин, кој се подготвуваше за она што подоцна ќе следи", рече Гарт.


„The Fall of Gondolin" го следи смртниот херој Туор, кој го наоѓа скриениот град на елфовите Гондолин, како и неговите дела, делата на неговите пријатели и семејството се до уништувањето на градот.

Гарт вели дека „The Fall of Gondolin" е "најголемата приказна за битка надвор од Господарот на прстените", но верува дека главната работа во книгата ќе биде начинот на кој Толкин се обидел повторно да ја раскаже приказната во стил сличен на оној во "Господарот на прстените".


"Во првата (завршена) верзија на приказната, се чувствувате како да ја читате "Илијада". Оваа, недовршената, е поприродна", рече Гарт.

Изданието, како и минатите постхумно објавени дела од Толкин, го уредуваше неговиот син Кристофер, а илустрациите ги работел Алан Ли.


Објавувањето на книгата ги изненади обожувачите на Толкин, бидејќи Кристофер Толкин (93) претходно објави дека "Берен и Лутиен" ќе биде "последната во долгата серија изданија на делата на татко му".

Вечно благодарни што се премислил.