Во зависност каде и како се појавува, главоболката може да биде сериозен здравствен проблем. Силната главоболка се појавува како од "ведро небо", а максималниот интензитет се постгигнува во неколку секунди. Тоа може да биде показател на низа здравствени проблеми, вклучувајќи и крварење поради пукање на крвните садови во мозокот што може да биде опасно по живот.
1. Се појавува на едната половина на главата
Станува збор за мигрена која не е опасна главоболка, но е многу напорна за оние кои страдаат од неа, бидејќи може да трае 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирањето на болката која може да достигне силен интензитет, а покрај тоа може да се појават мачнини, како и осетливост на бука и светло.
2. Како да Ви е стегната главата
Во прашање е главоболка поради тензија, која настанува постепено до среден интензитет на болка, а главата чувствувате како да Ве стега. Најчесто се појавува поради стрес и добро би било да поспиете.
3. Болки на едната страна од главата, отечен очен капак
Тука се работи за "кластер" главоболка која е силна и трае во циклуси од две недели до месец дена. Се појавува во одреден период од годината. Во периодот кога се јавува болката таа се појавува секој час и секој ден во истото време и трае половина до три часа.
4. Болки во пределот на челото
Во овој случај станува збор за главоболка предизвикана од синусите. Можете да направите инхалација и туширање со топла вода, поради пареата која ја вдишувате.
5. На задниот дел од главата, кај вратот и темето
Овој вид главоболка се јавува поради проблеми со кичмата и вратот, односно поради долго седење. Истегнете се, вдишете чист воздух.
6. Болка кај слепоочниците
Се јавува доколку некој има нарушување на виличниот зглоб и тоа води кон тензична главоболка. Покрај болката кај слепоочниците, се јавува болка кај ушите, потешкотии за отворање и затворање на устата.