Како се хранат познатите: Диетата на Џесика Симпсон, Џенифер Лопез и Кејт Миделтон

Точка

04/04/2018

17:00

11.159

Големина на фонт

а а а

Револуционерната протеинска диета е заснована како медицински тестиран и многу ефикасен прехранбен метод за да се спречи дебелеењето. Еден од клучните модератори на протеинската метода за слабеење е Др. Пиер Дукан, француски нутриционист, кој 35 години од своето живеење ги посветил на учење и едуцирање на луѓето за суштината и ефектите на протеинската диета.

Кога англискиот Daily Mail објави статија за протеинската диета, нејзината популарност се рашири како оган и остави впечаток кај многу познати личности, вклучувајќи ги и Џесика Симпсон, Џенифер Лопез и Жизел Бундчен. Тип на луѓе како Кејт Миделтон, кои никогаш немале потреба да слабеат, ја прифатија протеинската диета како клуч за брз, безбеден и здрав начин на слабеење – дури и во случај на само неколку вишок килограми.

Една од најчесто спомнуваните успешни приказни за слабеење е приказната на Џесика Симпсон. Успешната американска пеачка, актерка и модна креаторка Џесика Симпсон пред очите на јавноста со години се бореше со прекумерна тежина, која по раѓањето на ќерката Максвел никако не можеше да ја намали. Таа долго време залудно потрошила во теретана и се изгладнувала за да ги достигне посакуваните резултати, но од неодамна е крајно изненадена од неверојатните промени.

Џесика, вели дека 4 месеци тајно се придржувала на строга диета, со која успеала да изгуби неверојатно 30 килограми и целосно ја изменила својата фигура. Првите 15 дена живеела главно на протеински пијалоци и шејкови, а потоа започнала полека да внесува добро дефинирани и здраво подготвени редовни оброци. Тоа се главно јадења кои содржат низок процент на масти, како омлет од јајца, печени пилешки прсти, здрави житарици, морски плодови и свеж зеленчук.

“Навистина сум многу среќна и горда што после толку време го возвратив ударот и се ослободив од вишокот килограми кои имаа големо влијание врз мојата ниска самодоверба. Свесна сум дека пред мене е долг патот и дека не сум супермодел, затоа сеуште се трудам да јадам здрава храна и да уживам во животот без страдање. Овој начин е најдобар за мене и морам да признаам дека никогаш подобро не сум се чувствувала”

При вакво динамично темпо на живот некогаш се наоѓаме во ситуации кога немаме време и простор да јадеме зготвена храна и потребна ни е нејзина здрава замена. Pro-Fit протеинската храна е во целост создадена и прилагодена кон овој начин на исхранување. Целта на диетата не е ограничување на количината на внесената храна, што значи дека ако чувствувате глад во било кое време, може да земете Pro-Fit протеински производ. Храната Pro-Fit располага со поширок асортиман на производи, меѓу кои: Протеински кранчови, протеински бисквити, шејкови, супи, чипсови, палачинки и пудинзи.

Можеме да кажеме дека овие производи се можеби наједноставното и најдостапното решение кое ни овозможува да ги оствариме нашите цели кога станува збор за ваквиот тип на исхрана. Соодветна е за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, но и за оние кои едноставно сакаат да се исхрануваат здраво, да се чувствуваат добро и што е најважно, да не гладуваат во ниеден момент. Без разлика која и да е вашата цел, продуктите на Pro-Fit се вистинскиот избор доколку сакате да се исхранувате здраво дури и кога немате време да си приготвите оброк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг