Стивен Хокинг даде застрашувачки предвидувања за крајот на светот

Точка

15/03/2018

15:30

15.101

Големина на фонт

а а а

Стивен Хокинг често во своите интервјуа и јавни настапи се осврнуваше на можните сценарија за крајот на светот и го предупредуваше човештвото на можните опасности по Земјата.

"New York Post" направи листа на настрашните сценарија на Хокинг за можниот крај на светот и изумирање на човештвото.

Земјата ќе се претвори во огнена топка


Во јули минатата година, на научната конференција во Пекинг, Хокинг изјави дека Земјата во следните 600 години би можела да се претвори во „огнена топка“. Тој рече дека глобалното затоплување ќе предизвика Земјата да стане како Венера со температура од 482 Целзиусови степени и сулфурна киселина која што ќе паѓа како дожд. Тогаш, според Хокинг, луѓето ќе мора да побараат ново место за живот и целосно да ја напуштат Земјата.

Вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото


Иако вештачката интелигенција е нешто за што во последно време се повеќе се зборува и нешто на што се повеќе се работи, Хокинг беше силен противник на тоа. Според него, тоа е „најлошиот изум во историјата на цивилизацијата“.

„Се плашам дека вештачката интелигенција целосно ќе може да го уништи човекот“, изјави Хокинг во неговото интервју за "Wired".

„Ако луѓето можат да дизајнираат компјутерски вируси, некој може да направи вештачка интелигенција која што ќе се подобрува самата себеси и самостојно ќе се размножува. Тоа ќе биде новиот облик на живот кој ќе ги надмине луѓето“, изјави Хокинг.

Нуклеарна војна


Кога Хокинг беше еднаш запрашан која човечка особина би сакал да ја измени, тој одговори „Агресијата“.

Тој објасни дека агресијата доведува до ирационално однесување, како на пример започнување на нуклеарна војна која би можела да доведе до крај на човештвото: „Не постојат знаци на намалување на конфликтите, а развојот на воената технологија и оружјето за масовно уништување би можело да предизвика катасгрофа“, изјави славниот физичар за „БиБиСи“ по повод неговиот 75-ти роденден.

„Најголемата надеж за опстанок на човечкиот род би можеле да бидат независните колонии во вселената“, заклучи Хокинг.

Мораме да пронајдеме нова планета


Хокинг предвидуваше дека луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата и да се населат на некоја друга планета. Во документарниот филм "Stephen Hawking: Expedition New Earth", тој предупредува дека човештвото би можело да изумре веќе во следниот век, ако не станеме мултипланетарни и не пронајдеме нови места за живот.

Доналд Трамп

Стивен Хокинг никогаш не беше фан на Доналд Трамп, но кога американскиот претседател донесе одлука САД да се повлече од Парискиот климатски договор, Хокинг стана еден од неговите најгласни противници.

„Со повлекувањето од Парискиот договор, Трамп ќе предизвика огромни штети на нашата планета кои што инаку можеа да бидат избегнати. Ќе го загрози природниот свет и нашите деца“, изјави Хокинг за „БиБиСи“ после контроверзната одлука на Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг