ЗА НЕА: Подарок под Новогодишната елка со кој најмногу ќе ја изненадите!

Точка

27/12/2017

20:01

17.770

Големина на фонт

а а а

Новогодишната атмосфера се чувствува по улиците, домовите и кафулињата низ земјата. Овие мигови се најубава прилика да бидеме со најблиските и да ја споделиме нашата љубов и внимание со нив.

Еден од начините да го направиме истото е да им подариме нешто што ќе им остане во сеќавање. Многу често наидуваме на дилема кога се работи за избор на подарок. Некогаш немаме идеја, а некогаш пак не сме сигурни дали тој подарок ќе им се допадне. Затоа, ние сакаме да споделиме со Вас неколку предлог идеи кои би можеле да ги решат Вашите дилеми околу изборот на подарок за Вашата најмила.

1. Ајфон и бежични слушалки, слика и прилика за совршен подарок

Живееме во време во кое телефонот ни е неопходна алатка за преживување. Тој е дел од нашето секојдневие и слободно можеме да кажеме дека поголемиот дел од нашиот живот, разговорите со пријателите, нашите фотографии, распореди, потсетници и извор на информации се собрани во тој мал уред. ,,iSTYLE’’ се тука да ни го понудат најдоброто кога станува збор за мобилна телефонија. ,,iPhone’’ е лидер кога станува збор за сите перформанси кои може да ги понуди еден телефон.

Доколку таа е вљубеник во музиката, тука се и бежичните слушалки ,,AirPods’’ , решение на сите проблеми со кои се соочуваат оние кои не можат да си го замислат тренингот во теретана, трчањето на кеј или движењето низ градот без музика. Без заплеткување, со автоматско поврзување, овие ,,паметни’’ слушалки чувствуваат кога ги вадите од уво и сами уклучуваат пауза. Зарем има нешто подобро од овој подарок од музиката? За овие Новогодишни празници посетете ги ,,iSTYLE’’ и израдувајте ја со подарок на кој ниеден човек не може да одолее. 

2. 'Armarium' персонализиран подарок за неа


Бесценето е да се види радоста на лицата на нашите најблиски кога во рацете држат прекрасен подарок од ,,Armarium’’. Бескрајните можности за избор на шал, кошула или друг аксесоар, со можност да за персонализирање на истите, се идеалниот подарок за претстојните празници. Во потрагата по совршени новогодишни подароци, без губење на време, ,,Armarium’’ ќе се погрижи за идеалниот подарок да биде прекрасно спакуван и доставен до личноста која сакате да ја израдувате.

Доколку не сте сигурни во изборот, едноставно подарете ,,Armarium’’ вредносен ваучер.

3. Козметика за целосна нега на нејзиното тело


Нашата кожа е многу често изложена на различни влијанија и затоа мораме да ја негуваме. Таа е и огледало на нашата грижа за себе. Доколку и Вие се грижите за здравјето и убавината на некоја дама, ,,ДМ дрогерии’’ се тука за да ги задоволат потребите на своите потрошувачи. Спа сетот од ,,Балеа’’ кој содржи: купка за капење 200 мл., млеко за тело 150 мл. и пилинг за тело 75 мл. е се што е потребно за целосна нега на кожата. Новогодишната еуфорија во ,,ДМ дрогериите’’ е веќе започната, сега покрај овој прекрасен подарок за неа, таму може да го купите и омилениот парфем со попуст до -50%, подарок сетови со попуст до -35% како и шминката која по повод Новогодишните празници е со намаление до -25%. Подарок ваучер со вредност од 500 МКД и 1.000 МКД е уште еден прекрасен начин да израдувате некого за Новогодишните празници.

4. Долна облека во бојата на љубовта


Вистина е дека кога жената носи убава долна облека таа и се чувствува поубава и посамоуверена. Велат среќата доаѓа од внатре, а ние би рекле дека за среќата на една жена да биде поголема, секогаш може да придонесе некое добро парче долна облека. ,,Yamamay’’ оваа сезона нуди прекрасна зимска колекција, со голем избор кој ќе го задоволи сечиј вкус и ќе одговори на сечија потреба. Доколку сакате да и подарите нешто што ќе и направи да се чувствува најдобро во својата кожа, Магнетик и италијанскиот бренд ,,Yamamay’’ Ви нудат огромен избор на долна облека, а ние би сакале да Ви го презентираме нашето омилено парче од нивната колекција.

5. Крзнена елеганција за студените денови


Овој период е совршен за да и подарите крзнена бунда. Покрај тоа што ќе ја заштити од студот, таа ќе го згрее и нејзиното срце. Бундата е дел од облеката кој што секоја модерна дама посакува да го има во својот ормар. ,,Бутик Коко’’ Ви нуди разновиден асортиман на крзна со префинет квалитет и модерен изглед. Рачно изработената бунда од природно крзно и волна, е прекрасен подарок за Вашата најмила. Ние со сигурност знаеме дека ниедна жена нема да остане рамнодушна на ваков подарок, запомнете дека елеганцијата никогаш не излегува од мода.

6. Органска козметика совршена за зимските денови

,,Omega Raw and organic cosmetics’’ е првата фирма во светот којашто произведува јадлива козметика од органски состојки. Козметиката е направена по ладна постапка на 36 ⁰С за зачувување на сите лековити супстанции од состојките и е позната како RAW или ЖИВА КОЗМЕТИКА.


Омилениот избор за нас оваа година е сет од мултифункционална крема за лице и тело составена од 100% органски и јадливи состојки како вистински ванила крем и чоколадо за волшебен мирис на кожата. ,,Vanilla sky’’ розева пенлива купка за романтични вечери во бањата со мирис на свеж Јасмин. ,,Macarons’’ путери за слатка масажа на телото. Сет за задоволство на сите сетила. Овој Божиќ подарете и магични моменти со волшебната козметика на ,,Omega Raw and Organic Cosmetics’’. Одберете го совршениот подарок за неа со вклучена достава до саканата адреса.

7. Очила за сонце, за софистицирана дама

Илустрација на италијански луксуз и висока мода, очилата за сонце од ,,Dolce & Gabbana’’ се она што секоја стилска жена сака да го поседува. Софистицираноста во комбинација со оригиналноста и иновативноста се она што ги поставува очилата за сонце ,,Dolce & Gabbana’’, совршен моден детал кој што го заслужува секоја жена. Ние ги издвојуваме нашите омилени очила од ,,Prima Optics’’ како совршен подарок за дамата која би сакале да ја израдувате.


Женските очила на Dolce and Gabbana се карактеризираат со особено женствен облик, сензуален стил, совршени пропорции и елеганција. ,,Prima Optics’’ Ви нуди голем избор на асортиман кој одговара на вкусот на секоја модерна жена. Во периодот до Нова година, Вашите омилени очила може да ги најдете со намалени цени од -50%.

8. Разубавување на нејзините усни

Корекцијата на волуменот на усни е една од најбараните процедури во ,,анти-ејџинг’’ центарот ,,Promoitalia’’. Она на што инсистираат професионалците во центарот е да го зголемат волуменот на усните на своите клиенти, да добијат повеќе свежина, задржувајќи го природниот изглед во хармонија со целото лице.


Благодарение на најновите видови хијалуронски филери и применетите техники од страна на искусниот тим на ,,Promoitalia’’, ефектот е загарантиран и пациентите можат да бидат сигурни дека и по интервенцијата нивните усни ќе бидат и понатаму природни и совршено ќе прилегаат на нивното лице. Доколку познавате дама која би сакала да го постигне овој ефект на своите усни, тогаш вие сте на прав пат да го одберете совршениот Новогодишен подарок за неа.

9. Топла прегратка од Топ Шоп

Нов сет на топли прегратки со ,,Дормео Warm Hug’’. Замотајте ја саканата во најмекото и најтоплото ќебенце до сега. Новиот ,,Дормео Warm Hug’’ сет оваа година доаѓа со 8 специјални пораки што ќе ја разнежнат, ќе ја инспирираат и ќе ја израдуваат. Овој нов сет на ќебе и фина перница е совршен за ладните денови.


Ако вашата најмила сака да се стопли на омилената фотеља или тросед по напорниот ден или да прочита убава книга, ништо нема така да ја загрее како ,,Дормео Warm Hug’’ сетот. Боите и материјалите одговараат за сите пригоди и на секаков стил на уредување, а комбинацијата на крзно и префинет плиш ќе придонесе за елегантен и модерен изглед на домот. Овој сет е одличен подарок за љубената, атрактивен, практичен и впечатлив, со инспиративна порака проткаена во секое ,,Warm Hug’’ ќебенце.

10. Рачно изработен накит за модерна девојка


Сега Ве носиме во светот на ,,One Popcorn’’, полимерната глина, епоксидната смола, рачната изработка, уникатноста и создавањето во боја. Точки, линии, експлозија од бои, експанзија од креативност во различни димензии, во форма на накит, привезоци и секаков вид модни додатоци кои раскажуваат приказна за ,,бохо’’ стилот инспириран од Африканските племиња. Создадени со многу љубов, спакувани на еден поинаков начин, моден одраз на веќе изградени модни стилови со цел одвојување од секојдневието и урбаното потенцирање на различноста. Доколку таа е поразлична од другите, ова е совршениот подарок за неа.

11. Подарете топлина со јакните од ,,Drop In’’

Празниците се наближуваат, со тоа и зимските одмори и слободните денови кои многу од нас ќе ги искористат за да заминат некаде на планина, подалеку од градскиот метеж, а поблизу до чистиот воздух. Љубителите на скијањето ќе можат да уживаат и празничните денови да ги поминат во практикување на овој спорт.


Овој период е совршен за да подарите јакна, пригодна и за оние кои скијаат, а и за оние кои едноставно сакаат да бидат заштитени од студот и сакаат да уживаат во снежните денови. ,,Burton’’ јакните се наш предлог како прекрасен подарок за овие студени денови, а истите може да ги најдете во ,,Drop In’’ и воедно да го погледнете широкиот асортиман на зимска опрема која ја нудат. Подарете топлина од ,,Drop In’’.

“ комерцијална објава



Спонзорирани линкови

Маркетинг